НЕДВИЖНИНА ВО РЕГИОНОТ

Постигнат е најскапиот станбен квадрат во Белград на вода

БЕЛГРАД: Најскапиот метар квадратен станбен простор, во последниот квартал од 2021 година, е продаден во Белград на вода и изнесува 10.068 евра, објави Републичкиот геодетски завод.

Извор: google

БЕЛГРАД: Најскапиот метар квадратен станбен простор, во последниот квартал од 2021 година, е продаден во Белград на вода и изнесува 10.068 евра, објави Републичкиот геодетски завод.

Во Белград во општина Савски венац, според Извештајот за состојбата на пазарот на недвижности за последниот квартал од 2021 година е остварена највисока цена.

Втората највисока цена од 3.937 за метар квадратен, е постигната во населбата Врачар во нова зграда.

Кога станува збор за новите станбени комплекси, по Белград на вода, Вест 65 имаше највисока цена од 3.680 евра за метар квадратен, што беше и највисоката цена постигната во Нов Белград.