Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Промена на каматните стапки во април 2021 во однос на март 2021:
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – нов кредит со промотивни услови со фиксна каматна стапка за првите 3 години од 4.5% (рок на отплата до 95 месеци), односно 4.7% (рок на отплата од 96 до 120 месеци) и променлива каматна стапка од 5.8% после 3-тата година
- НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка после 3-тата година од 6.35% на 6.31%
- Охридска Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.05.2021 година
- Шпаркасе Банка АД Скопје – намалени каматни стапки од 5.25% фиксна први 2 години и 7.55% променлива по 2-рата година на 5.00% фиксна први 2 години и 6.00% променлива по 2-рата година
- Силк Роад АД Скопје – намалена променлива каматна стапка по 2-рата година од 7.95% на 6.99%
Извор: архива
Промена на останати трошоци за потрошувачки кредит во април 2021 во однос на март 2021:
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошок за обработка до 30.04.2021 година
- НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – промотивно без трошок за одобрување до 31.05.2021 година
- Охридска Банка АД Скопје – промотивно без административен трошок во период од 15.02.2021 до 31.05.2021 година
Деталните пресметки може да ги видите на следниов линк.