Потрошувачки кредит - јануари 2021

Која банка има најлоши услови?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Промена на каматните стапки во Јануари 2021 во однос на Декември 2020:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.01.2021 година.
  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка од 6.41% на 6.38% по третата година.
  • Комерцијална Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка од 6.30% на 6.15% по втората година.
  • Халк Банка АД Скопје – тргнат од понудата потрошувашки кредит со полиса за животно осигурување. Достапен само потрошувачки кредит со полиса од незгода од Халк Осигурување со повисоки каматни стапки од 5.5% фиксна за првата година и 6.5% променлива по првата година.
  • ТТК Банка АД Скопје – зголемени каматни стапки од 4.85% фиксна за првите две години и 7.03% променлива по втората година на 4.95% фиксна за првата година и 7.38% променлива по првата година.

Извор: архива

Промена на останати трошоци за потрошувачки кредит во Јануари 2021 во однос на Декември 2020:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошок за обработка до 31.01.2021 година.
  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – воведен манипулативен трошок: 2% еднократна провизија од износот на кредитот, минимум 1.000 МКД.
  • Халк Банка АД Скопје – намален износ на кредит од 1.500.000 мкд на 1.200.000 мкд, скратен рок за отплата од 120 месеци на 95 месеци и воведена провизија од 1% за обработка на кредитот.
  • ТТК Банка АД Скопје – воведен трошок од 500 мкд за обработка, промотивно без надомест за администрирање и без надомест за одобрување до 28.02.2021.
  • Силк Роад АД Скопје – воведен трошок од 2% провизија за администрирање на кредит и 500 мкд надомест за разгледување и обработка на барањето.