Потрошувачки кредит - февруари 2021

Која банка има најдобар потрошувачки кредит?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е инфо…

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Промена на каматните стапки во февруари 2021 во однос на јануари 2021:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 28.02.2021 година.
  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка од 6.38% на 6.35% по третата година.
  • Охридска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапки од 7.55% на 6.00% и продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.03.2021 година.

Извор: архива

Промена на останати трошоци за потрошувачки кредит во февруари 2021 во однос на јануари 2021:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошок за обработка до 28.02.2021 година.
  • Охридска Банка АД Скопје – воведен административен трошок од 1 до 2 % (минимум 800 денари) од износот на кредитот во зависност од клиентската група.
  • Силк Роад АД Скопје – 0% провизија за администрирање на кредит промотивно до 30.06.2021 година.

Деталните пресметки може да ги видите на следниов линк.