Потрошувачки кредит - март 2021

Која банка има најдобар потрошувачки кредит?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е инфо…

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Промена на каматните стапки во март 2021 во однос на февруари 2021:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.03.2021 година
  • Стопанска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка од 8.55% на 7.65% по втората година

Извор: архива

Промена на останати трошоци за потрошувачки кредит во март 2021 во однос на февруари 2021:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошок за обработка до 31.03.2021 година
  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – промотивно без трошок за одобрување до 31.03.2021 година
  • Охридска Банка АД Скопје – промотивно без административен трошок во период од 15.02.2021 до 31.03.2021 година
  • – ТТК Банка АД Скопје – промотивно намален надомест за одобрување на 0.5% или минимум 2.000 мкд до 30.04.2021 година

Деталните пресметки може да ги видите на следниов линк.