„ШЛЕП“ КАРИЕРА V.S. КВАЛИТЕТ

Новиот предлог за член на Управниот одбор на НЛБ Банка е кум на бившиот директор Антонио Аргир

Гоце Вангеловски, новиот предлог за член на Управниот Одбор на НЛБ Банка е кум на бившиот директор Антонио Аргир кој веќе подолго време е на нова работна позиција во Љубљана, Словенија.

Извор: конкуренција.мк

Гоце Вангеловски, новиот предлог за член на Управниот Одбор на НЛБ Банка е кум на бившиот директор Антонио Аргир кој веќе подолго време е на нова работна позиција во Љубљана, Словенија.
Дали овој предлог за нов член докажува дека Балканот сепак почнува јужно од Виена или НЛБ Љубљана ќе превземе нови одлуки и предлози? Европските закони се прецизни и јасни кога станува збор за судир на интерес во големите корпорации и системи, дали тие истите ќе бидат препознаени од регулаторот – Народната Банка На Македонија, или не? Кој ќе замижи, а кој ќе работи во интерес на корпорацијата и државата?

Доколку регулаторот, Народната банка на Македонија на чело со гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска и членовите на Управниот одбор составен од Г-дин Петер Зелен и Г-дин Бранко Грегановиќ на НЛБ Банка Скопје го заборавиле значењето на терминот „Конфликт на интерес“ ова е вистинското време да ги потсетиме:

„Конфликт на интереси е назив за ситуации во кои поединецот врши одредена јавна функција или професионална дејност добива можност да има корист за себе или за луѓе блиски до него, фамилија, општествени групи и организации со своја одлука или друго дејство, на сметка на интересите на јавноста или луѓето кои му дале доверба.
„Конфликт“ се однесува на конфликт помеѓу личниот интерес од една страна и јавниот интерес од друга страна. Во современите земји се смета дека во вакви случаи постои преголем ризик приватниот интерес да надвладее над јавниот интерес, односно да дојде до злоупотреба.“

Извор: google

Според информациите со кои располага КОНКУРЕНЦИЈА.МК новиот предлог за член на управниот одбор е Гоце Вангеловски кој е кум на Г-инот Антонио Аргир, преку кој е инсталиран во банката најнапред како Помошник на Управниот одбор, а сега веќе и како предлог за член на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Освен поддршката од страна на Антонио Аргир од Словенија, кој е школски пример за конфликт на интерес, Вангеловски има и внатрешна „логистика“ во самата банката, која му ја пружа неговиот брачен сопатник (сопругата) Алексанра Костовска – Вангеловска која веќе одамна работи во банката, моментално на позиција: Раководител на Службата за технологија и организација во НЛБ Банка.

Како дополнително објаснување за јавноста: тоа е организациона единица која е надлежна за креирање на организационата структура на банката и воспоставување на процесите на работење во истата.

Извор: linkedIn

Сопружниците Вангеловски се поставени на клучни позиции во истата банка, па така со одлуката на надзорниот одбор за унапредувањето на Гоце Вангеловски од Помошник на управата во Член на управен одбор би можеле слободно да констатираме дека се враќа лобито и влијанието на поранешниот директор на НЛБ банка со што претпоставтваме се неутрализира словенското лоби во банката.

Дали членовите на Управниот Одбор словенците Г-динот Петер Зелен и Г-динот Бранко Грегановиќ ќе реагираат во Словенија или ќе останат неми набљудувачи на случувањата на банката, останува да видиме?

Извор: конкуренција.мк

Конкуренција.мк помога во работењето на НБРСМ

Покрај евидентниот судир на интерес поради фамилијарната поврзаност во оваа прилика би сакале да и помогнеме на НБРСМ во нивното работење и да го прикажеме претходното работно искуство на Г-динот Вангеловски на позиција Извршен директор каде што за една година друштвото – „Кроација осигурување неживот“ во Финансискиот извештај за 2013, завршува со загуба од фрапантни 2 милиони евра.

Нашите скромни познавања од банкарската регулатива покажуваат дека членовите на управните одбори во банкарските институции не треба да предлагаат или имаат член, личност која во својата биографија и кариера има година која завршува со загуба.
Се надеваме дека Бежоска нема повторно да ги затвори очите пред овој преседан и нема повторно да биде нем набљудувач?

Извор: конкуренција.мк

Дали позициоринањето на новите предлози ќе заврши со Вангеловски или истата во блиска иднина ќе се надополни со унапредување на уште една личност (жена), високо позиционирана во структурата на НЛБ банка чија кариера претежно била позиционирана на деловна мрежа, а за која имаме сознание дека е во исклучително блиски односи со Г-динот Антонио Аргир, останува да видиме.

Редакцијата на конкуренција.мк и во овој случај нема да го открие идентитетот на дотичната од оправдани причини.

Да потсетиме:
„Само ретките професионалци од браншата поседуваат вродени квалитети и норми на едно повисоко ниво. Ретки се раководителите кои преку личните примери покажуваат висока персонификација на стандард, етика и квалитет кои во својата компанија и општеството служат како пример за сите. Стандард кој кај денешните менаџери сѐ поретко постои.“