АВСТАЛИЈСКИ ЗАКЛУЧОК

Ѓоковиќ не претставува опасност за животната средина

МЕЛБУРН – Надлежните од Министерството за здравство на Австралија во официјалната документација доставена до судот посочуваат дека најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не претставува опасност за земјата.

Извор: google

Претходно беше објавено дека Ѓоковиќ добил позитивен тест за корона вирусот на 16 декември, а негативен на 22 декември.

Тој е асимптоматски од 27 декември, па прашање е како може да биде закана за околината.

„Користејќи ги горенаведените претпоставки, можеме да потврдиме дека Новак Ѓоковиќ бил заразен со корона вирусот, па иако не бил вакциниран, тоа значи дека е заштитен од ковид во следните неколку месеци“, се наведува во судската документација, пренесува Танјуг.

Неговиот негативен тест кој го доби на 22 декември покажува и дека се заразил со вирусот и дека има антитела, се посочува.

„Не е голема веројатноста да биде опасно, затоа цениме дека тоа не е ризик за Австралијците“, се вели во судското досие.