МАРКЕТИНГОТ НА ВУЧИЌ

Неспособните се трудат и не успеваат, но способниот Вучиќ ја користи пандемијата за своја промоција

Додека нашиот премиер Зоран Заев заедно со нашиот министер за здравство Венко Филипче не известуваат колку вакцини (со големо закаснување) набавиле за нашите граѓани, нивниот колега Александар Вучиќ ја користи пандемијата за промоција на Србија во регионот и светот

Извор: google

Додека нашиот премиер Зоран Заев заедно со нашиот министер за здравство Венко Филипче не известуваат колку вакцини (со големо закаснување) набавиле за нашите граѓани, нивниот колега Александар Вучиќ ја користи пандемијата за промоција на Србија во регионот и светот.

Главната вест гласеше:
Италијанскиот милионер Џанлука Вачи беше вакциниран во Белград на заминување порачал: „Благодарам, Србија“.

Милионерот од Италија, Џанлука Вачи, вчера беше вакциниран против коронавирус во Белград, по што тој јавно се заблагодари на Србија преку неговиот профил на Инстаграм, кој го следат 20 милиони луѓе.
„Се враќаме во Болоња, вакцинирани сме во Белград. Благодарам, Србија“, рече Џанлука Вачи во видеото што го објави од авионот, пренесува Нова.рс.

Тој ќе се врати во Белград кога ќе дојде време да ја прими втората доза на вакцината, а откри и како се однесувале кон него на Белградскиот саем, каде ја примил вакцината.

„Се гледаме кога ќе дојдам за втората доза, многу сум благодарен, бевте прекрасни, Ви благодарам“, рече популарното плејбој.

Џанлука пристигна во Белград со приватен лет, а тој дојде само само заради лична вакцинација, пренесе „Телеграф“. Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така за три недели ќе биде повторно вакциниран во српската метропола.