ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ПРИРОДЕН ГАС

Цената на струјата за домаќинствата зголемена за 0,2%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото полугодие од 2021 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесува 5.156 денари по KWh, што во споредба со второто полугодие од 2020 година претставува пораст од 0.2%.

Извор: google

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.565 до 7.575 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 12.665 до 23.017 денари по нм3 по групи на потрошувачи.