Локално почитување

Дали Рамстор не ги поддржува локалните македонски производители?

Во нашата редакција пристигна интересно писмо од страна на еден потрошувач кој потсетува на моралната етика помеѓу работењето на турскиот ланец Рамстор и неговиот омилен сок од македонско производство.

Извор: vivaks

Во нашата редакција пристигна интересно писмо од страна на еден потрошувач кој потсетува на моралната етика помеѓу работењето на турскиот ланец Рамстор и неговиот омилен сок од македонско производство. На крајно интересен начин ги потсетува и мотивира странските компании да покажат волја во омекнување на условите кон локалните фирми и производители. Писмото го објавуваме во целост. Суштината е одлична, прочитајте…

Како потрошувач со задоволство пазарувам во сите супермаркети кои се во мојата блиска околина. Повеќе се врзувам за производите кои ги конзумирам отколку за некој конкретен ланец на супермаркети.

Нешто што ми одвлече внимане пред неколку месеци беше фактот дека моите омилени сокови од брендот ВИВА не можев да ги пронајдам на полиците во турскиот ланец Ramstore. На рафтовите имаше многу други брендови на сокови. Помислив дека моментално ја немаат ВИВА на полиците, но после неколку мои посети на Ramstore го поставив прашањето на шефицата во пултот: Зошто ги немате ВИВА соковите во вашата понуда?
Таа со насмевка ми одговори: „Немаме Вива, не паметам дека сме имале Вива сокови откако сум вработена.“

Овој одговор веќе го предизвика моето внимание и помислив дека сите странски синџири како минималана поддршка на македонските производители е да нашите домашни производи бидат дел од нивната понуда.
Таквото однесување и прифаќање на локлните производители, како знак на морална поддршка и убав гест, би требало да биде општествена одговорност на фирмите како Ramstore и на таков начин преку условите на соработка да се дел од взаемното развивање на локалните производители и пазарната економија.

Локалните фирми вработуваат локално население, преку вработувањето на локалното население се намалува невработеноста и се зајакнува економијата.
Но, на моја жалост Рамстор тоа не го почитува, па затоа ни јас повеќе нема да пазарувам во Рамстор.