МОНОПОЛИСТИЧКИ СЕНАРОДЕН ГРАБЕЖ

EVN е ништо друго освен лошо организиран монопол

Почитувана редакцијо овој текст го пишувам да ги алармирам корисниците на електрична енергија испорачана од единствената ЕВН и да бидат внимателни во плаќањето на сметките од месеците јули и август, 2021 година.

Извор: google

Почитувана редакцијо овој текст го пишувам да ги алармирам корисниците на електрична енергија испорачана од единствената ЕВН и да бидат внимателни во плаќањето на сметките од месеците јули и август, 2021 година.

Испорачана ми е сметка од 2800 денари за месечен период кога во станот не престојуваше никој и беше потполно исклучен од апарати и било какви потрошувачки уреди.

Извор: архива

Кратко објаснување:
Летните месеци последните години ги минувам во викендицата на море вон државата, минатото лето имав слична ситуација со испорачаните сметки во август, но заради пократкиот одмор (корона лето) не реагирав од неверување дека тоа е возможно.
Па затоа ова лето пред моето заминување решив да ги исклучам сите електрични уреди во мојот стан, дури и фрижидерот и телевизорот ги отштекав од утикач.
Се вратив на 31 август 2021, откако ги прегледав сметките за месец јули и август моите сомнежи и предвидувања испаднаа вистинити.
Не можев да верувам дека ние како население (потрошувачи) доживуваме ваков тип на грабеж, а немаме државен регулатор кој ќе го заштити и обештети потрошувачот.

Како се одвиваше мојата телефонска пријава кон монополистичкиот ЕВН:

Откако морате да го завртите нивниот број КОЈ НЕ È БЕСПЛАТЕН за да пријавите одредена примедба и дополнително да ви наплатат (профитираат) од вас како да вртите PHONE SEX линија, а не број за грижа на кориснци.

По 30 минутното обидување да добијам некого и 5 исклучувања заради чекање (читај неколку пати наплатени повици) најпосле ми се јавува некоја Весна која не сакаше да ми го каже презимето.

Разговорот гласеше вака:
Јас:
Добар ден, зошто 30 минути се обидувам да добијам некого на број за грижа на корисници кој не е бесплатен?
ЕВН/Весна:
Повелете како можам да Ви помогнам?

Јас:
Веќе Ви поставив прашање, одговорете ми на поставеното прашање?
ЕВН/Весна:
Имаме зголемен број на повици немаме доволно луѓе

Јас:
Па зошто ЕВН како фирма не вработи поголем број на вработени за да ги опслужи своите корисници со оглед дека е монопол, но очигледно на ЕВН не им се плаќаат придонеси на оваа држава за поголем број на вработени?
ЕВН/Весна:
(се прави мутава и повторно го поставува прашањето) Повелете како можам да ви помогнам?

Јас:
Хххххх Ххххххх е на телефон, би сакал да знам со кого разговарам заради специфичноста на мојата примедба што следи.
ЕВН/Весна:
Со Весна

Јас: Дали Весна има презиме?
ЕВН/Весна:
Доволно е Весна.

Јас: Колку Весни имате во контакт центарот?
ЕВН/Весна:
Само една, јас.

Јас:
Во ред, значи лесно би ве нашле. Весна зошто ЕВН ме краде со испорачана сметка од 50 евра за месец јули/август во комплетно затворен стан со исклучени апарати?
ЕВН/Весна:
Ве молам број на броилото, да проверам?

Јас:
Броило број ХХХХХХХХ
ЕВН/Весна:
Да толкава е сметката, ќе мораме да провериме бидејќи во летниот период немавме луѓе на терен за читање на броилата.

Јас:
Па Весна кој к*р ги менувавте броилата во дигитални пред неколку години, цели маркетинг кампањи направивте на таа тема или тоа беше само перење на пари?
ЕВН/Весна:
Ве молам на ваков безобразен начин не сакам да комуницирам.

Јас:
Весна не ми глумете „бечка школа“ за еден збор во афект наменет кон монополистичка институција, а не кон Вас, туку одговорете ми за криминалов што го правите кон народов што живее во Македонија?
ЕВН/Весна:
Ве молам напишете приговор на некој од пунктовите.

Јас:
Јас, да пишувам приговори и да губам од своето време по вашите ебени пунктови заради ваши грешки и лоповлук и криминал? Дали сте нормална? Еве, овој повик е мојот приговор!! И сега?
ЕВН/Весна:
Во ред јас ќе го направам приговорот и ќе Ви јавиме?

Јас:
Како ќе ми јавите по гулаб писмоносец или ќе запишете мој e-mail или мобилен телефон за контакт?
ЕВН/Весна:
Да кажете Ваш е-меил
Јас:
Мојот маил е: хххххх@xxxxxxxx

ЕВН/Весна:
Пријатно
Јас:
Пријатно

Како одговори ЕВН после 20 дена:
Ниту се јавија, ниту e-mail напишаа, ниту извинување испратија, само во новата сметка за август/септември беше избришан „криминалот и лоповлукот“ од 2800 мкд. Пиши-бриши компанија без никакви казни и регулаторни обврски.

Извор: архива

Го споделам ова мое искуство со останатите корисници на монополистичкиот ЕВН, ова е само мој обид да Ви ги отворам очите дека без разлика на нација и религија доживуваме криминал врз нашите домашни буџети.
Верувам дека врз сите нас, многу често е направен сличен криминал, затоа отворете очи, проверете и реагирајте.
Во спротивно монополот ЕВН ќе се прави луд и преку нивната усрана наплатна служба ќе си ги тераат наплатите како сѐ да е ОК, а не е!

Сакавте приватизација, епа еве ја добивте. Сите досегашни премиери на оваа држава се само обични мочковци кои немаа знаење ни снага да создадат конкуренција врз ЕВН и на тој начин да го заштитат својот народ од слични криминали преку строги регулаторни закони кои ќе бидат применливи и строго почитувани. Ниту Заев, ниту Ахмети прават нешто по ова прашање, за претходните и да не зборам.

До редакцијата:
„Се надевам дека ќе го објавите овој текст со мојот оригинален наслов напишан со големи букви:
EVN Е НИШТО ДРУГО ОСВЕН ЛОШО ОРГАНИЗИРАН НАЦИСТИЧКИ МОНОПОЛ
, кој произлезе како реакција на нивно испорачување на јулската сметка на моја адреса“
гласеше текстот на еден незадоволен потрошувач кој пристигна во нашата редакција. Го објавуваме во целост.