НЕОВЛАСТЕНИ "ПАРФИМЕРИИ"

На граѓани им се нудат брендирани, а добиваат фејк парфеми

До нашата редакција стигна поплака од оштетен потрошувач кој наседнал на лагите и манипулациите на онлајн трговците кои успеале да го измамат и да му земат 1990 денари за продадени лажни брендови на парфеми наместо ветените оригинали.

Извор: google

До нашата редакција стигна поплака од оштетен потрошувач кој наседнал на лагите и манипулациите на онлајн трговците кои успеале да го измамат и да му земат 1990 денари за продадени лажни брендови на парфеми наместо ветените оригинали.

Бев контактиран телефонски дека по повод роденден на EM Cosmetics, добивам намалување на пакет производи кои наместо стандардната цена од 9.900 денари, истите ги добивам за сума од 1.990 денари. Во телефонското јавување од дотичната женска особа ми беше понуден пакет од женски накит, оригинален машки парфем Lacoste Noir и оригинален женски парфем Olympéa од Paco Rabanne. Но, по карго наместо ветените брендови, добив фејк парфеми со импровизирани имиња на познатите брендови кои реално ниту на пазар не се продаваат, а мирисаат евтино и лошо. На декларацијата на пакетот стои сосема друго име на испраќачот во споредба со она кое беше соопштено на телефон, па така пратката е од таканаречена Лукс Козметик од Велес.

Откако им се јавив и известив за ситуацијата, од страна на девојката ми беше прво соопштено дека ќе види зошто настанал таков проблем, за потоа да ми јави дека тие сепак биле контакт центар, а парфимеријата не сакала да ги врати производите и да ги рефундира средствата назад затоа што наводно едниот парфем бил отпакуван.

Ова е дел од коментарот на потрошувач кој го упати кон нашиот портал и побара истиот да биде објавен со цел граѓаните да се свесни за тоа што се случува кога не купуваме во специјализирани и регистрирани трговски друштва. Случајот е веќе пријавен во соодветни институции, но останува прашањето дали постои закон кој ќе ги заштити потрошувачите сега и во иднина од сите вакви лажни трговци кои се јавуваат телефонски или нудат “оригинали” на интернет?

Истите не издаваат фискална сметка, така да потрошувачите се чувствуваат измамено во немање можност како да докажат дека се измамени и дека имаат право на обесштетување. Затоа, отворете очи и не наседнувајте на сомнителни телефонски и интернет понуди.

Извор: google