ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ И ИЗГУБЕНИТЕ СТАНДАРДИ

Плаќате 800 грама, а добивате производ од 500 грама во еден македонски ланец на супермаркети, кој ја врши контролата во интерес на потрошувачот?

Во редакцијата на KONKURENCIJA.MK пристигна пријава од потрошувач во прилог проследена со фотографии како доказ кои покажуваат дека потрошувачот купил и платил 800 грама кашкавал а добил 500 грама.

Извор: архива

Во редакцијата на KONKURENCIJA.MK пристигна пријава од потрошувач во прилог проследена со фотографии како доказ кои покажуваат дека потрошувачот купил и платил 800 грама кашкавал а добил 500 грама. Производот е купен во познат македонски ланец на супермаркети, а производот е исто така од македонски производител.

На сликата 1 се гледа разликата во тежината на самиот производ (кашкавал), а на сликата 2 се гледа платената цена на самата фискална сметка.

Извор: архива

KONKURENCIJA.MK писмено се обрати до Агенција за храна и ветеринарство и до Државниот инспекторат до Скопје со следните прашања:
Кој ги контролира декларациите на производите во македонските супермаркети?
Кој ја печати декларацијата на која е испишана цената и количината на производот?
Кој е виновен за ваков тип на грешка, супермаркетот или производителот?
Какви се последиците и можните казни и кон кого?
Кој треба да го заштити потрошувачот од слични намерни или ненамерни грешки: продавачот или производителот?

Дали потрошувачите трпат ваков тип на грешки заради политички поставените раководители кои не знаат да ги испочитуваат стандардите на контрола?

Се надеваме дека во блиска иднина ќе ги добиеме одговорите кои ќе ни бидат одговорени од страна на државните институции во наредните денови.