Грижа за корисници

Колку е важно вистинските луѓе да се постават на вистинските места?

Писмо на задоволен потрошувач и неговото искуство со Славица од Техномаркет и нејзините колеги. Кога вистинските луѓе се на вистински работни места резултатот е видлив преку прометот и подобрување на имиџот на компанијата.

Извор: google

Писмо на задоволен потрошувач и неговото искуство со Славица од Техномаркет и нејзините колеги. Кога вистинските луѓе се на вистински работни места резултатот е видлив преку прометот и подобрување на имиџот на компанијата.

Одамна немам почувствувано грижа и посветеност кон клиент како што неодамна го доживеав од вработените во Техномаркет, Скопје.
За време на карантинскиот период и Ковид 19 добив подарок од брат ми кој беше нарачан преку on-line продажба, а за подарокот дознав преку e-mail од страна на Техномаркет. Половина час по примената порака ме контактираа телефонски, женски глас кој ме информираше дека производот ќе го достават на моја адреса после карантинскиот викенд.

Додека се уште ја имав девојката на линија, решив да ја замолам да ми ги прати карактеристиките на производот на mail и ја прашав дали можам да изберам некој друг производ?
Вработената како вистински професионалец не поставуваше непотребни прашања на кои сме навикнати на нашиве простори, туку само ми потврди: „Што и да одлучите ќе средиме се.“
Не можев а да не приметам дека девојката брзо ги „процесираше“ информациите кои ги разменивме во навистина краток телефонски разговор оттука сфатив дека се работи за соговорник со висока емотивна интелигенција. Исто така без проблем ми го даде нејзинииот мобилен број, што не е пракса во многу други фирми..
Помислив, кадровото одделение во оваа фирма си ја знае работата.

Извор: google

Славица со леснотија ми ги соопшти сите можности и без многу замарање ми ги оствари сите желби во најкраток можен рок, па дури и повраток на средствата ми ги понуди како можност.

За ваков однос и грижа на клиенти најчесто се фаќаат врски, но благодарејќи на нејзините лични квалитети во комуникациски вештини јас го имав на дланка. Во салонот каде што бев испратен сите вработени беа запознаети со мојот случај, така да немаше потреба да објаснувам. Доплатата ја направивме on-line, Славица ми понуди бесплатна испорака до врата за која услуга во Нептун и во Сетек се доплаќа….едноставно Славица за се имаше спремен одговор и брзо решение. Ваков однос одамна немам доживеано, пазарувањето ми беше уживање. Едноставно да ти е мерак пари да им оставиш.
Мојот впечаток за Техномаркет е дека правите луѓе се на право место, дали е тоа случајност или не, не знам, но дефинитивно Славица треба да биде пример за многу вработени кои работат со клиенти. А, воедно ваквите вработени заслужуваат унапредување.
Сигурен сум дека во иднина секогаш ќе се вратам во Техномаркет заради љубезноста на Славица, која не ја ни запознав.