Уште колку?

Светот нема да се ослободи од ковид до крајот на годината

Женева – Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од „ковида-19“ до крајот на оваа година.

Извор: pexels

И покрај вакцинацијата, вирусот сè уште е надвор од контрола.

Женева – Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од „Covid-19“ до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, рече дека, сепак, трагедијата од коронската криза може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и мртви, објави „Гардијан“, а пренесува Танјуг.

Тој додаде дека вирусот е сè уште оној што има контрола, особено имајќи го предвид зголемувањето на бројот на новоинфицирани минатата недела, по шест последователни недели опаѓање на бројот.

„Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.