ИНВЕСТИЦИЈА ВО ФАРМАЦИЈА

Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија која развива терапија за Ковид-19

КОПЕНХАГЕН – Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија „Квантум БиоРес“, објави Ројтерс.

Извор: google

КОПЕНХАГЕН – Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија „Квантум БиоРес“, објави Ројтерс.
Станува збор за компанија која развива медицински третман за ковид-19, изјави извршниот директор на таа компанија за Ројтерс, пренесе Танјуг.

Јелена и Новак Ѓоковиќ се сопственици на данската компанија од 3 јуни 2020 година. Според данскиот деловен регистар, уделот на Јелена е 39,2 отсто, а на Новаков 40,8 отсто.

„Quantum BioRes“ вработува 11 истражувачи во Данска, Австралија и Словенија, изјави за Ројтерс директорот на компанијата Иван Лончаревиќ, додавајќи дека се развива терапија, а не вакцина.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, изјави Лончаревиќ за Ројтерс.