КОРОНА ГИ ИЗЕДЕ МОЦАРТ ТОПКИТЕ

Пандемијата ги „изеде“ сите Моцарт чоколадца, производителот на познатите бонбони банкротира

Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, позната по производството на Моцарт топки, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург. Поради овој неочекуван колапс, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.

Извор: google

Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, позната по производството на Моцарт топки, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург.
Поради овој неочекуван колапс, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.

Иако компанијата имаше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.
Поради значително намалениот број на туристи, настани и прослави, забележан е пад на продажбата на чоколадни производи, а исто така и Моцарт топките.

Падот на прометот од лани можеше само делумно да се компензира во новата деловна година, но покрај нови клиенти во извозот и државната помош, и годинава ќе се забележи огромна загуба поради минатото, пренесува Танјуг.

„Сегашното заклучување и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им се исплаќаат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.

Компанијата е основана во 1897 година под името „Reisigl Sweets Factory“ во градот Салцбург, а се преселила во 1956 година во Гредиг.

Извор: google