Извор: google
Атина – Грчкото обвинителство ќе нареди апсење на антивакцинаторите кои ги повикуваат граѓаните да не се вакцинираат или кои не користат медицински услуги, бидејќи ги загрозуваат сопствените и туѓите животи, со што стапи на сила нова одредба од Кривичниот Кодекс за ширење лажни вести.
Адвокатот Никос Антонијадис, кој долго време беше на чело на кампањите против вакцинацијата, е уапсен во четвртокот, а обвинет е за ширење лажни вести и поттикнување непослушност, објави „Катимерини“.
Неговото апсење било наредено од обвинителството во Атина, кое веќе подолго време спроведува релевантни истраги за дејствијата на антиваксерот.
Антониадис, кој во меѓувреме е пуштен од притвор, тврди дека пациентите со Ковид биле интубирани без причина и дека вакцините имале последици по здравјето на пациентите, пренесува Танјуг.