ПОСТОЈАН ЦЕНОВЕН РАСТ

Нагло зголемување на цената на месото и млечните продукти на светско ниво

Цените на храната на светските пазари продолжуваат да се зголемуваат веќе десетти месец по ред. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) забележува најголемо зголемување на цената кај млечните производи, месото, соковите и растителните масла.

Извор: google

Цените на храната на светските пазари продолжуваат да се зголемуваат веќе десетти месец по ред. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) забележува најголемо зголемување на цената кај млечните производи, месото, соковите и растителните масла.

Најголем пораст на цената, од 3,9 проценти на месечно ниво, е забележан кај млечните производи во март годинава.

Зголемени се и цените на млеко во прав, како резултат на зголемената побарувачка за увоз во Азија, особено во Кина, падот на производството во Океанија и недостигот на достапни контејнери за испорака во Европа и Северна Америка.

Во март, цените на месото имаат пораст за 2,3 проценти во споредба со февруари, поради зголемените цени на живина и свинско месо за продажба на пазарот во Европа пред велигденските празници.

Цените на маслото од растително потекло беа повисоки за 0,8 проценти во март отколку во февруари, достигнувајќи највисока цена во последните десет години, а особено паднаа цените на маслото од соја поради очекуваната голема побарувачка од секторот за биодизел.

Но не сите цени бележат раст. Цените на житарките се намалија за 1,8 проценти на месечно ниво, но се за 26,5 проценти повисоки отколку во март 2020 година. Најмногу паднаа цените на извозот на пченица, како резултат на генерално добрата залиха, а пад се гледа и во цените на пченката и оризот, како и шеќерот.

Бонус видео…