Извор: google
Веќе е најавено враќање на легендарните автомобили како Renault 5, Renault 4, Opel Mante и други. Но, во електрични изданија. Дефинитивно производителите на автомобили ќе бараат инспирација во минатото со цел да најдат начин да ги доближат новите електрични модели до клиентите. На таков начин, ќе се доловат емоциите и носталгијата по минатото, а успехот е предвидливо загарантиран.
Сега се случува уште еден пресврт во приказната со враќањето на легендарниот Microbus. Volkswagen не се откажува од наследник заснован на концептот ID Buzz. Челниците на VW не беа разочарани од фактот дека Volkswagen Beetle (познатата Буба) не се претстави најдобро во последните години па продолжуваат со воскреснувањата на култните возила од минатиот век.
Неофицијално, наследникот на Microbus-сот ќе биде претставен во 2022 година. Ова го потврди Карстен Интра, шефот на комерцијалните возила на VW, велејќи дека наследник ќе биде патничкото MPV возило, кое исто така ќе се нуди во Европа во верзија за испорака.
Извор: google
Како што се очекуваше, ID Buzz ќе има исклучиво електричен погон, веројатно во неколку варијанти, во опсег од 200 до 300 коњски сили, при што најсилниот ќе има два електромотори и погон на сите четири тркала.
Исто така, се очекува разновидна понуда на сетови на батерии, од кои максималната ќе биде онаа со капацитет од дури 111 kWh. Во тој случај, треба да се очекува соодветен опсег од 550 км. Се зборува и за соларни панели кои можат да го зголемат опсегот за уште еден километар.
Она што сè уште никој не се осмелува да го процени е цената на ваков автомобил. Богата опрема, напреден погон и толку големи батерии во денешните рамки значат само едно – исклучително висока цена.
Бонус видео…