ПРЕСТИЖНА ЛИСТА

Oва се 10-те најпродавани автомобили на сите времиња

За да може еден модел да се најде на една ваква престижна листа, било потребно тој да опстане на пазарот долго време, но и да биде исклучително популарен меѓу клиентите. Ајде да одиме по ред, од десеттата до првата позиција на најпродавани автомобили на сите времиња

Извор: unsplash

За да може еден модел да се најде на една ваква престижна листа, било потребно тој да опстане на пазарот долго време, но и да биде исклучително популарен меѓу клиентите. Ајде да одиме по ред, од десеттата до првата позиција на најпродавани автомобили на сите времиња:

10. Chevrolet Impala
Долгогодишниот бестселер на американскиот производител Chevrolet, е продаден во повеќе од 14 милиони примероци од своето деби во 1958 година.

Извор: google

9. Volkswagen Passat
Иако е значително пократок на пазарот од „Impala“, „Passat“ достигна 15,5 милиони сопственици откако се појави на пазарот во 1973 година.

Извор: google

8. Ford Model T
Првиот масовно произведен автомобил е продаден во 16,5 милиони единици, почнувајќи од 1908 година.

Извор: google

7. Honda Accord
Honda го лансираше овој модел во 1976 година, а досега се продадени 17,5 милиони од овие автомобили.

Извор: google

6. Honda Civic
„Civic“ пристигна во салоните непосредно пред моделот кој е на 7-то место. Бестселерот на Honda успеа да придобие 18,5 милиони клиенти, уште од 1973 година.

Извор: google

5. Ford Escort
Иако Ford е американска компанија, ова беше попопуларен модел особено во Европа. Вкупно се продадени 20 милиони примероци од 1968 до 2000 година.

Извор: google

4. Volkswagen „Buba“
Познатата „Буба“ има најдолго искуство од сите автомобили на списокот, откако се појави во 1938 година. Во меѓувреме, продадени се над 23,5 милиони од овие возила.

Извор: google

3. Volkswagen Golf
Golf-от е на третата позиција на листата на најпродавани модели во светот, а воедно е и најбараниот автомобил на Volkswagen на сите времиња. Од 1974 година, кога се појави на пазарот, испорачани се 27,5 милиони примероци.

Извор: google

2. Ford F-Series
Камионетите од F серијата Ford датираат од 1948 година, а досега се продадени околу 35 милиони возила.

Извор: google

1. Toyota Corolla
Првата Toyota Corolla се појави на пазарот во 1966 година, а досега се испорачани дури 37,5 милиони примероци од овој модел ширум светот.

Извор: google

Бонус видео…