Извор: google
Пандемиската криза сериозно ја погоди авионската индустрија – но во исто време се отвори простор за помалите играчи да влезат на нови пазари. И цените продолжуваат да бидат релативно ниски.
Брзање до летните дестинации од страна на патниците
Трговската асоцијација IATA претходно за време на пандемијата предупредуваше на драматични зголемувања на цените на билетите. И покрај тоа, авионските билети сè уште се релативно ниски и се повеќе луѓе почнуваат да си ги резервираат своите карти пред летото коишто ни претстои.
„WizzAir“
„WizzAir“ објави вкупно 14 нови линии од Босна и Херцеговина ова лето, вклучително и до аеродроми на кој ќе служи за прв пат: Бања Лука. Авиокомпанијата исто така воведува 32 нови линии од Рим, Италија ова лето.
„Ryanair“ и „WizzAir“ во Шведска планираат да инвестираат уште повеќе отколку порано, „Ryanair“ дури ќе лета од Стокхолм, Арланда. „Ryanair“ претходно леташе исклучително само од малите локални аердроми во Шведска.
Компаниите како SAS и Norweigan Airlines беа приморни да ги укинат многубројните линии за справување со кризата. Во исто време, другите авиокомпании започнаа нови стратегии за маркетинг.
Со слоганот „Верувај во тоа да си локален“ од почетокот на февруари, туристичката компанија Airleap е една од компаниите што лансираше четири нови брендови со повеќе локално присуство, вклучително и во Скане, Малме, Халанд, Готланд и Хелсингборг.