ПУШЕЊЕТО Е ШТЕТНО

Поради овој уред, акциите на „Philip Morris“ вртоглаво растат

Финансиските резултати од првиот квартал за производителот на тутун „Philip Morris International“ што треба да бидат објавени во вторник се шанса за повторно зголемување на акциите на оваа компанија.

Извор: google

Финансиските резултати од првиот квартал за производителот на тутун „Philip Morris International“ што треба да бидат објавени во вторник се шанса за повторно зголемување на акциите на оваа компанија. На што всушност се должи овој постојан и вртоглав раст?

Aкциите на „Philip Morris International“ (PM) се во пораст нешто повеќе од 12% оваа година, а во изминативе 12 месеци пораснаа за скоро 21%. Акцијата бележи зголемување на почетокот на овој месец бидејќи аналитичарите особено го пофалуваат уредот iQos – уред со т.н. „топлина што не гори“ и е наводно подобра алтернатива без чад, пепел и непријатни мириси. Но постојат тврдења дека се повеќе штетни од класичните цигари.

За овој уред, експертите веруваат дека ќе доминира на пазарот бидејќи потрошувачите сè повеќе се свртуваат кон производи со намален ризик во однос на традиционалните цигари, меѓутоа тие тврдења се само од страна на производителите на кои им е во интерес да го прикажуваат производот во најдобро светло. да напоменеме дека во почетокот на 20 век класичното пушење беше рекламирано преку елеганција која е поблиска до богатите.

Акциите на „Philip Morris International“ имаат потенцијал за постојан раст благодарение на објавените резултати од последниот квартал за минатата година.За претстојниот извештај, аналитичарите гледаат заработка по акција од 1,40 долари и вкупен приход од 7,27 милијарди долари. За потсетување, последниот минатогодишен квартал бележеше заработка по акција од 1,26 долари и вкупен приход од 7,44 милијарди долари.

Најголемата светска компанија за тутун досега има инвестирано повеќе од 8,1 милијарди долари во развој на својот бизнис во уредот кој не испушта чад, а IQOS сега се продава во 64 земји, со околу 17,6 милиони корисници. Инвестицијата во електронските цигари претставуваат поттик за компанијата, но и за владите ширум светот во поддршка на оваа навика наспроти никотинското самотруење на луѓето со обичните цигари.

Бонус видео…