Извор: google
Технологијата HI-NANO што ја користи Hisense во неколку серии на климатизери се покажа како исклучително ефикасна во отстранувањето на коронавирусот од внатрешниот воздух. Тајната е во генераторот на јони, што создава висока концентрација на двојни јони, во превод концентрација од еден милион на кубен сантиметар.
Во такви услови, истражувањата покажаа дека бактериите и вирусите ја губат својата активност откако ќе бидат апсорбирани од двојни јони, што доведува до инхибиторен ефект.
Друга студија за таа технологија, спроведена од истражувачка група покажа дека технологијата HI-NANO ефикасно отстранува дури 99,37 проценти од вирусот на грип Х1Н1 за само два и пол часа во просторија од 30 квадратни метри.
Патем, претходните истражувања покажаа дека е можно да се намали присуството на коронавирус со прочистување на воздухот и со тоа истовремено да се намали можноста од инфекција. Но, исто така, истражувањата покажаа дека користењето само вентилација за циркулација на воздухот во просторијата може да биде одговорно за ширењето на вирусот во просторијата и меѓу станарите.
Ќе биде интересно да се види дали другите производители на климатизери нудат слична технологија што може барем да влијае на намалување на ризикот од инфекција во нашите домови.