СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЧКИ

Дубаи стана престолнина на сексуалниот туризам

Дубаи, со десетици илјади проститутки кои работат во земјата, стана првокласна дестинација за сексуален туризам на Блискиот Исток, привлекувајќи голем број странски туристи .

Извор: google

Дубаи, со десетици илјади проститутки кои работат во земјата, стана првокласна дестинација за сексуален туризам на Блискиот Исток, привлекувајќи голем број странски туристи. Овој емират е дом на голем број странци кои работат на многу доста високо платени работни места, но секоја година е домаќин и на голем број туристи, па само во 2019 година привлече околу 19 милиони посетители од странство.

Проституцијата е официјално забранета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), но сепак се толерира во Дубаи, кој стана многу популарна дестинација за сексуални туристи од целиот свет. Потрошувачка на алкохолни пијалоци е дозволена во хотели, барови, ресторани и ноќни клубови кои имаат посебни дозволи, иако е забрането на јавни места. Сексуалните работници најчесто можат да се најдат во такви угостителски објекти каде што им приоѓаат на клиентите, преговараат со нив за цената, должината и видот на услугите што ги даваат.

Побогатите клиенти можат да договорат да имаат свој придружник во текот на целата посета на Дубаи. Постои и хиерархија според која проститутките од Кина, Филипини или Индија се најмалку ценети. Сексуалните работнички од Централна Азија наплаќаат повеќе за своите услуги, а најскапи се проститутките од Европа и арапските земји кои ретко може да се видат на јавни места.

Се проценува дека во Дубаи работат меѓу 30.000 и 45.000 проститутки, чија тарифа е различна. Па така, уличните проститутки наплаќаат по 500 дирхами, што во наши пари е околу 7 илјади денари, а двојно помалку се плаќа за азиските девојки на онлајн сајтовите. Во хотелите и рестораните, 8.500 денари (500 AED) би платиле за девојка од Индија или Пакистан доколку сакате да ве забавува вечерта, но затоа за девојка која доаѓа од источноевропските земји тарифата стигнува и до 28.000 денари (2000 AED). Елитните придружнички чинат од 700 до 2000 AED, односно од 10.000 до 28.000 денари по час.