Извор: google
Повозрасните сигурно се сеќаваат на специфичниот мирис на еден познат југословенски бренд на козметика за мажи, која особено беше актуелна во времето на бивша Југославија? Машката популација веројатно не може да го заборави остриот мирис и црното пакување на познатиот лосион за после бричење на „Brion“.
Во времето на Југославија, сè беше едноставно за многумина, па така и многу од производите беа лесно препознатливи и специфични – независно дали се работи за форма, боја, мирис, вкус. Одделете момент за да се потсетите на познатиот машки бренд „Brion“, кој на пазарот се појави во 50-тите години на минатиот век, но особено прифатен меѓу корисниците стана во 70-тите и 80-ти години.
Црно едноставно шишенце од 78 ml или 100 ml беше честа навика после бричењето за многу мажи низ сите земји на Југославија. Од Вардар па до Триглав, многу од мажите се будеа со јакиот мирис на Брион, кој оставаше траги во домот дури и по заминувањето на работа.
Денес на пазарот има илјадници лосиони и креми за лице по бричење, но ќе се согласите дека „Brion“ е веројатно првиот и најзапаметениот.