Етиопија

Ова е земјата што има 13-месечен календар и е временски 7 години зад светот

Етиопија можеби нема да ви падне на памет кога ќе помислите на место за одмор, но токму тука и ќе погрешите. Тоа е едно од најинтригантните места со фасцинантна историја, редок див свет и длабоко вкоренет идентитет.

Извор: google

Етиопија можеби нема да ви падне на памет кога ќе помислите на место за одмор, но токму тука и ќе погрешите. Тоа е едно од најинтригантните места со фасцинантна историја, редок див свет и длабоко вкоренет идентитет. На кратко, посетата на Етиопија е како патување назад во времето. Таа е една од најубавите и најплодни земји во Африка, што е токму спротивно од она за кое сме знаеле – дека е земја на глад, суша и болести. И не само пејсажите – и многу други факти се единствени за Етопија, а за кои може да прочитате во продолжение.

Етипискиот календар се разликува од сите останати
Постојат многу култури низ целиот свет кои следат свои календари на сметање на времето, што не се поклопува со западниот грегоријански календар. Етиопската година се состои од 13 месеци и е седум години зад грегоријанскиот календар. Всушност, Етиопија влезе во новиот милениум на 11 септември 2007 година; тоа е затоа што Етиопијците продолжиле со истиот календар што римската црква го изменила во 525. година од новата ера и кој се заснова на коптскиот календар. Додека првите 12 месеци имаат 30 дена, последниот месец, наречен Пагуме, има само пет дена (односно шест во престапна година). Според овој календар, новата година секогаш настапува на 11. или 12. септември.
Ваквото сметање на времето им создава особени непријатности на патниците заради календарската разлика. Сепак, повеќето Етиопијци овие денови веќе се свесни за грегоријанскиот календар, а некои дури ги користат и двата календари наизменично. Земјата слави неколку важни празници во денови што се разликуваат од остатокот од светот.

Интересен факт и за кафето
Кога наутро, попладне и навечер пие кафе, ретко кој од повеќе од милион луѓе ширум светот знае дека тој единствен црн напиток потекнува од источна Африка, од сиромашната Етиопија, во која милиони фармери секојдневно работат на одгледување, преработка и производство на кафе кое за нив е борба за егзистенција. Додека еден килограм зрно кафе етиопјанските фармери го продаваат за само три долари, на истиот килограм трговците заработуваат најмалку 200 долари. Во Етиопија 15 милиони фармери произведуваат 290.000 тона кафе годишно, што ја прави таа африканска земја петти произведувач на кафе во светот, веднаш по Бразил, Виетнам, Колумбија и Индонезија. Речиси 95% кафе во Етиопија произведуваат таканаречените „мали” фармери, кои дури го произведуваат и кафето кое се користи во нашиот омилен „Старбакс ”, а каде за една чаша се наплаќа од 6 до 10 долари.

Извор: google

Земја на најстарите цивилизации
Во 1974 година, тука беше откриена Луси, 3,2 милиони години стар хоминиден скелет, што го прави најстариот фосилизиран скелет. Според некои научни наоди, Етипија може да е земјата од каде и потекнува човештвото.

Религија и пости
Доминантната религија што луѓето ја следат е православното христијанство. Луѓето во Етиопија постат приближно 200-250 дена во годината (среда и петок задолжително), воздржувајќи се од сите продукти од животинско потекло, т.е. јајца, месо, млечни производи. Па, во рестораните може да се сретнат интересни вегански чорби во текот на целата година.

Колонизација и независност
Италијанците успеале да ја колонизираат во 1935 година и останале да управуваат со земјата шест години. Сепак, етиопските сили се спротивставиле на воената опсада за на крајот да ја ослободат земјата од угнетувачите. Некои локални жители дури ќе кажат: „Чекавме додека не ни изградат железници и убави згради… и потоа ги избркавме, па продолживме само по својот пат“.