Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
На нашата листа за споредба се најде производот: Perwoll.
Беа опфатени седум продажни ланци во Скопје меѓу кои: Веро, Рамстор, Жито, Кам, Тинекс, Стокомак и ДМ дрогериите.
Извор: архива
Нашите анализи покажаа дека овој производ во моментот е најскап во продажниот ланец на Тинекс маркетите, додека убедливо најевтин можете да го набавите во продавниците на Стокомак.
Споредувањата се организирани од нашите тимови кои ги прават на одреден датум и однапред испланирани производи, а опфатени се само поголемите продажни ланци. Промоциите на цените на одредени производи кои се во промотивен период и дисконт картичките не се предмет на анализа бидејќи се само за имателите на истите.
Секако на потрошувачот му помагаме во реалното информирање од теренот. И воедно ги поддржуваме и мотивираме трговските ланци за поголема конкурентност кон крајниот потрошувач.