ПЕШАЧКИ ПРЕМИН

Метро два назад за да застанеш на пешачки - чиј е овој градежен пропуст?

Уште една трагикомична фотографија стигна до редакцијата на Конкуренција.мк. Пешачка патека која ги поврзува булеварот “Теодосиј Гологанов” со улицата “Јуриј Гаргарин” во скопско Тафталиџе не само што била испланирана погрешно, туку и изведена така.

Извор: архива

Пешачката патека поминува низ паркот кој е омилено место за одмор и рекреација во оваа скопска населба. Но, доколку сакате да преминете на другата страна од улицата, ќе морате малку да се вратите назад каде што е пешачкиот премин – затоа што патеката не ве носи право на пешачкиот, како што и треба да биде.

Ако дојдете до крајот на стазата, ќе се измачите некој од возачите да ве пушти да поминете бидејќи пешачкиот премин е нешто полево (или подесно, зависи од каде гледате).

Вакви грешки не смее да останат непростени затоа што токму децата се главните посетители на овој простор и главните корисници на патеката.

Чија е тука грешката – на општината која не го зела предвид овој детал или на фирмата изведувач што не реагирала за овој пропуст? Или па најбезболно е сепак да го обвиниме пешачкиот затоа што не кажал дека не е на местото каде што требал да биде?

Бонус видео…