ЗАШТИТНИ МАСКИ

„Златната кокошка“ на денешницата - Кина е најголем извозник на маски

Заштитните маски во Германија биле увезени во вредност од шест милијарди евра во 2020 година согласно прелиминарните проценки на германскиот завод за статистика.

Извор: google

Заштитните маски во Германија биле увезени во вредност од шест милијарди евра во 2020 година согласно прелиминарните проценки на германскиот завод за статистика. Тоа е најголемиот бизнис на денешницата не само за аптеките во Германија и останатите европски земји, туку и за главниот производител на оваа “златна кокошка” – Кина.

Многумина се навикнаа, на многумина сè уште им се необични, голем дел и одбиваат да ги носат, но несомнено заштитната маска стана најзначаен симбол на пандемијата од Covid 19. Во почетокот беа актуелни платнените маски, а денес FFP2 и (K)N95.

На почетокот од светската пандемија, во во април и мај претходната година, во Германија биле увезени маски во вредност од 3,5 милијарди евра. Во јуни и во јули биле откупени и дополнителни маски во вредност од 1,4 милијарди евра што значи дека 80 проценти од увозот на заштитни маски во минатата година се случил во првиот бран, од април до јули 2020.

Во јануари 2021 година во Германија биле увезени 1,4 милијарди заштитни маски со вредност од 186,7 милиони евра. Од нив, 1,1 милијарди парчиња за 166,7 милиони евра биле тип FFP2, односно маски со филтер.

Најголемиот број на маски се порачуваат од Кина, која има најголема корист од светската побарувачка.