ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ

Омикрон дава чуден осип на телото

ЛОНДОН – Родителите треба да обрнат големо внимание на малку различни симптоми доколку се сомневаат дека нивното дете е заразено со сојот омикрон, изјави денеска британскиот лекар Дејвид Лојд, особено привлекувајќи внимание на, како што рече, чудниот осип на телото.

Извор: google

Тој за „Скај њуз“ изјави дека кај младите пациенти со омикрон се јавуваат симптоми како малаксаност, силни главоболки и губење на апетит, а родителите треба да внимаваат на тие симптоми, пренесува Танјуг.

Лојд додаде дека луѓето со омикрон имаат и „чуден осип“, така што до 15 проценти од децата заразени со новиот вид корона добиваат осип на кожата.

Иако е премногу рано да се каже, најновите податоци за омикрон сугерираат дека тој е екстремно заразен, додава Лојд и се надева дека „не е смртоносен како делта“.