ПОТВРДА ЗА ПОТЕКЛОТО

Експерт на СЗО го исклучи вештачкото потекло на коронавирусот

ПЕКИНГ – Експертот на Светската здравствена организација, руски вирусолог Дмитриј Лвов ја отфрли можноста за вештачко потекло на коронавирусот, соопшти денеска Кинеската медиумска група (ЦМГ).

Извор: google

ПЕКИНГ – Експертот на Светската здравствена организација, руски вирусолог Дмитриј Лвов ја отфрли можноста за вештачко потекло на коронавирусот, соопшти денеска Кинеската медиумска група (ЦМГ).

„Сомнежите за вештачкото потекло на коронавирусите немаат никаква вредност … Коронавирусите се претежно вируси поврзани со лилјаците“, рече Лвов во една емисија на една руска телевизија минатата недела, пренесува Бета.

Според него, „лицето, кое било првиот извор на инфекција, веројатно јадело месо од животно кое имало еколошки врски со лилјаците“.

За време на припитомувањето, на луѓето им биле пренесени околу 150 вируси од диви животни, рече Лвов.