Обновлива енергија

Зошто сонцето и ветерот не може да ги заменат нафтата и гасот?

Обновливите извори на енергија тешко дека ќе може целосно да ги заменат природните и конвенционалните, како што се јагленот, нафтата и гасот, смета ректорот на Рускиот универзитет за нафта и гас.

Извор: unsplash

Обновливите извори на енергија тешко дека ќе може целосно да ги заменат природните и конвенционалните, како што се јагленот, нафтата и гасот, смета ректорот на Рускиот универзитет за нафта и гас.

Според професорот, причините за незаменливоста на бензинот и нафтата се кријат во неколку основни карактеристики на овие ресурси, како и во фактот дека малку луѓе размислуваат за штетата која би била предизвикана на природната средина преку изградба на ветерници и соларни панели.

„Ветерот и сончевата енергија не можат целосно да ја заменат традиционалната енергија, пред сè, затоа што не постои можност за складирање на големо количество од таа енергија. Нема такви батерии и панели кои може да акумулираат огромни количини. Дури и да ги има, тоа е многу скапо и е многу еколошки нечисто“.

Извор: unsplash

За стопроцентна транзиција кон „зелена“ енергија, светските сили веднаш ќе мора да издвојат 50 проценти од својата територија за генератори, што реално е далеку од она што секоја земја може да си го дозволи.

„Гасот е најчистиот извор на енергија моментално. Според сите предвидувања на компаниите и светските агенции за енергетика, улогата на гасот во светот допрва ќе се зголеми“, смета рускиот професор.

Во јануари 2021 година, европските земји започнаа масовно да ги испразнуваат складиштата за гас, испумпувајќи рекордни 55 милијарди кубни метри гас и на крајот, оставајќи доволно гас како резерва за две недели. По тоа, светските цени на бензинот нагло пораснаа.