ПЕТ ГОДИШНА СТРАТЕГИЈА

„Зелена акција“ во Хрватска - со референдум бојата на знамето ќе стане зелена

По неколку години занемарување на природните ресурси и загадувањето, Хрватска конечно започна со тотална офанзива за заштита на природата со цел да се ребрендира во светот како зелена туристичка дестинација, земја што ја знае важноста на одржливиот развој.

Извор: facebook

По неколку години занемарување на природните ресурси и загадувањето, Хрватска конечно започна со тотална офанзива за заштита на природата со цел да се ребрендира во светот како зелена туристичка дестинација, земја што ја знае важноста на одржливиот развој.

Како дел од новата стратегија, усвоен е пакет мерки што ќе направат во Хрватска тотален пресврт за неколку години и ќе ја вивнaт како водечка земја во Европската унија за зачувување на природата.

Планот е секој граѓанин да засади 21 дрво со што значително ќе се намали јаглеродниот диоксид, а потоа ќе се кофинансира инсталација на соларни панели на покривите на зградите и семејните куќи, како и реновирање на фасади, укинување на пластични кеси за употреба, субвенции за набавка на електрични возила итн.

Одлучено е во следните пет години во најистакнатиот белег, знамето – црвената боја да биде заменета со зелена. По 5-годишниот рок, хрватските граѓани ќе можат на референдум да одлучат дали ќе ја остават зелената боја на првото поле на знамето, дали ја сакаат на средина, на дното или можеби никогаш не сакаат да ја видат повторно на знамето.

Европската унија со ентузијазам го поздрави проектот, па затоа се подготвува иницијатива и другите земји да се приклучат на оваа акција по истекот на петте години во Хрватска. Предлози за мерки и појава на нови знамиња веќе кружат низ медиумите, а најпозитивни реакции доби грчкото знаме. Единствената протестна нота за оваа акција дојде од африканската држава Сиера Леоне, бидејќи зелено-бело-сината е нивна историска комбинација, но по интервенцијата од Брисел, таа беше брзо повлечена.

Европската комисија понуди да финансира слични проекти низ целиот свет за зачувување на природата и борба со климатските промени, што најсилно ги погодува најсиромашните земји како Сиера Леоне.

Значи, кога ќе видите нови знамиња на улица, запомнете ја убавината и богатството што нè опкружува и спасете ја природата за сите нас. Дали доаѓа време и Македонија да се вклучи во ваква “зелена” акција и да тргне по примерот на европските земји, останува да видиме.