ЛУКСУЗНА КЛАСА И НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ

За колку време ќе се полни и колку ќе чини електричниот автомобил на Mercedes?

Првиот електричен „Mercedes“ во луксузната класа ќе има автономија до 770 км. Mercedes го претстави EQS, електричен седан што треба да постави нови стандарди во овој автомобилски сегмент.

Извор: google

Првиот електричен мерцедес во луксузната класа ќе има автономија до 770 км. Mercedes го претстави EQS, електричен седан што треба да постави нови стандарди во овој автомобилски сегмент. Тоа е исто така првиот модел базиран на модуларна механичка платформа за луксузни електрични возила.

За купувачите на електрични автомобили, многу е важно колку километри возилото може да помине помеѓу две полнења на батеријата. Ако му се верува на германскиот производител, EQS ќе биде шампион меѓу електричните модели, имајќи предвид дека е најавена автономија од 770 км. Овој резултат се заснова на циклусот на мерење WLTP и, барем на хартија, го надминува радиусот на движење на долгиот опсег на Tesla Model S.

Што се однесува до времето што EQS треба да го помине на станицата за полнење ако батеријата се полни од 10 до 80% капацитет, тоа е 35 минути во случај на брз полнач од 110 kW. Ако автомобилот се полни во „домашни“ услови, на полнач 240 V, периодот на полнење се продолжува на 11 часа.

Извор: google

Првите две верзии што им се достапни на клиентите се EQS 450+ со 333 КС (245 kW) и погон на задните тркала и EQS 580 4MATIC со 534 КС (385 kW) и погон на сите тркала. Германскиот производител тврди дека EQS е најаеродинамичен сериски автомобил во светот, а се наведува дека возилото е меѓу најтивки модели на пазарот. Mercedes EQS пристигнува во салоните на есен со почетна цена од околу 100.000 евра.

Извор: google

Бонус видео…