ПРОДАЖЕН ТРИК

За евтини пари порачал iPhone, но добил нешто сосема друго

Еден тајландски тинејџер порачал евтин iPhone преку Интернет, но бил изненаден кога наместо телефон, добил масичка во форма на смарт телефон.

Извор: google

Еден тајландски тинејџер порачал евтин iPhone преку Интернет, но бил изненаден кога наместо телефон, добил масичка во форма на смарт телефон.

Младиот тинејџер помислил дека наишол на одлична понуда за омилениот бренд на Apple, но останал прилично разочаран кога пристигнала пратката.

Кутијата во која требало да се наоѓа неговиот нов смартфон била висока скоро колку него, а наместо iPhone, во неа имало маса во форма на популарниот телефон. Трошоците за испорака биле високи и покрај евтината цена на производот, но тоа не го спречило да ја искористи можноста за порачка на „евтин iPhone“.

Се покажало дека тоа е негова грешка, имајќи предвид дека во описот на производот со мали букви пишувало дека тоа е маса.

Затоа, внимавајте што порачувате – трговците веќе користат секакви тактики за да го намамат потрошувачот, а законски да се заштитени бидејќи токму малите букви во описот ретко кој ги чита, но сепак постојат.

Бонус видео…