НА ПАТ КОН ВРВОТ

Xiaomi го престигна Apple на глобалниот пазар на паметни телефони

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi стана вториот најголем производител на паметни телефони во вториот квартал од 2021 година, пред Apple, според новиот извештај на аналитичката компанија Каналис.

Извор: google

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi стана вториот најголем производител на паметни телефони во вториот квартал од 2021 година, пред Apple, според новиот извештај на аналитичката компанија Каналис.

Xiaomi имаше удел од 17% во глобалната испорака на паметни телефони во периодот април-јуни, туркајќи го Apple на третото место, чие учество беше 14%. Јужнокорејскиот Самсунг со учество од 19% ја задржа првата позиција, пренесува CNBC.

„Xiaomi рапидно ја зголемува својата деловна активност во странство“, рече Бен Стентон, директор за истражување во Каналис, во соопштението за јавноста, истакнувајќи дека испораките на компанијата во Латинска Америка се зголемени за 300 проценти на годишно ниво, а во Западна Европа за 50 проценти.

Кинескиот производител на паметни телефони забележа годишно зголемување на испораките за 83 проценти, Самсунг за 15 проценти и Епл за само 1,0 проценти, според Танјуг.

Стентон, сепак, смета дека сликата за учеството на Xiaomi на глобалниот пазар на паметни телефони е искривена од ориентацијата на компанијата кон масовниот пазар, каде цената на нејзините телефони е 75% пониска од онаа на Apple. Компанијата со седиште во Пекинг сега се обидува да влезе во луксузниот, премиум пазар на паметни телефони.