НОВА „ЉУБОВНА“ ВРСКА

Twitter и Instagram се поврзаа: Нова шанса за Instagram Stories

„Земја – членка на ЕУ влегува во интимниот простор на Северна Македонија и јас на тоа отворено ќе се спротивставам“, гласеше изјавата од страна претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ на самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.

Извор: google

Кога ќе одлучите да споделите твит на сторија, тогаш можете да правите што сакате на Инстаграм …
Ново ажурирање на Твитер донесе уште една можност за споделување твитови.

Новата услуга во моментов е можна само на апликацијата Твитер за iOS, каде што можете да ги споделувате своите твитови директно на сторијата на Инстаграм, пишува The Verge.

Кога ќе одлучите да споделите твит на сторија, тогаш можете да направите што сакате на Инстаграм – да ја смените нејзината позиција, да ја обликувате поинаку, да создадете посебна позадина за тоа, да додадете налепници, текст, музика …

Се разбира, секогаш можевте да снимите твит на екранот и да го закачите на сторија, но Твитер реши да го направи целиот процес полесен и поубав за корисниците, па сега сето тоа можете да го направите со само еден клик, пренесува Б92.

Сепак, кога споделувате нешто од Инстаграм на Твитер, излегува само врската со URL-то и затоа скоро никогаш нема да видите споделување од Инстаграм на Твитер.
Нема информации дали се работи на ова или кога ќе пристигне оваа нова опција за Андроид.