Дипломатска изјава од страна на рускиот амбасадор во Лондон која потврдува дека Русија нема намера да употреби нуклеарно оружје.
МОСКВА – Русија нема намера да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин во интервју за Би-Би-Си. „Тактичкото нуклеарно оружје, во согласност со руската воена доктрина, не се користи во такви конфликти. Имаме строга листа на услови за употреба на тактичко нуклеарно оружје, нагласи амбасадорот Келин.
Како што додаде, тоа се најчесто ситуации кога е доведена во прашање постоењето на државата, пренесува Танјуг. „Тоа не е случај во оваа ситуација“, рече дипломатот.