Извор: google
Одбраната на Русија е засилена за уште еден нов тип на ракета наречена „Циркон“ која беше успешно тестирана на руска територија. Дали станува збор за манифестација на моќ или само регуларно експериментално тестирање на новите видови ракети?
МОСКВА – Руската армија денеска соопшти дека успешно извршила ново пробно лансирање на суперсонична крстосувачка ракета „Циркон“, во време кога Москва ја интензивира офанзивата во Украина. Ракетата Циркон била истрелана од фрегатата „Адмирал Горчков“ во Баренцовото Море кон водите на Белото Море на Арктикот, соопшти руското Министерство за одбрана.
Целта оддалечена илјада километри е „успешно гаѓана“, а тестирањето е извршено во рамки на „тестирање на ново оружје“, се наведува во соопштението, пренесе Бета.
Првата официјална проба на „Циркон“ беше во октомври 2020 година, кога рускиот претседател Владимир Путин го поздрави „големиот настан“.