Летна дестинација

Сончев Брег во Бугарија е најевтиното место за одмор за ова лето

Седум од десет традиционални и атрактивни места за летен одмор се поевтини оваа година отколку што беа пред 12 месеци, благодарение на зајакнатата фунта. Годишниот извештај на Post Office Travel Money ја дава оваа анализа, каде се споредуваат цените за оброк за двајца со чаша вино, за шолја кафе, шише пиво, спреј против инсекти и крем за сончање, а резултатите се добиени од одговори на испитаници – туристи на прашањето за што најмногу ги трошат своите пари на одмор.

Извор: google

Сончев Брег е најголемото приморско одморалиште во Бугарија, кое е оценето како најевтино место за одмор во Европа за оваа година. Ова место е рај за сите љубители на сонцето, песочните заливи и живописните барови на плажа, каде шише пиво чини само 47 пени (65 центи).

Извор: google

Вкупната сума што туристите би ја платиле во Сончев Брег изнесува 27,71 фунти (скоро 32 евра), што му го гарантира на одморалиштето првото место во рангирањето на најевтини дестинации за одмор во Европа. Таа цена од приближно 32 евра вклучува кафе, пиво, минерална вода, чаша вино, лименка кока-кола, крем за сончање и вечера за двајца. Според бугарската влада, туризмот нема да згасне ова лето, а со слични надежи се и хотелиерите и владите во другите европски популарни летни дестинации.

Па така, по Бугарија на листата најевтини дестинации следуваат Мармарис, Турција (42,07 фунти), Алгарве, Португалија (44,14 фунти), Коста дел Сол, Шпанија (57,98 фунти), Пафос, Кипар (62,98 фунти), Слима, Малта (69,55 фунти), Ланзароте, Шпанија (72,34 фунти), Пореч, Хрватска (78,41 фунти), Крф, Грција (91,15 фунти) и Пулиа, Италија (94,59 фунти).

За разлика од најевтината Бугарија, konkurencija.mk топло Ви го препорачува хрватското приморје.