Дигитално село

Со биткоини, во Црна Гора беше купена првата крава

Во Црна Гора, крава вредна 1350 евра беше платена со биткоини (0.03 биткоини) за прв пат во историјата. Поради оваа криптовалута, популарна низ целиот свет, кравата доби необично име – Биткоинка.

Извор: Wall Street Journal

Во Црна Гора, крава вредна 1350 евра беше платена со биткоини (0.03 биткоини) за прв пат во историјата. Поради оваа криптовалута, популарна низ целиот свет, кравата доби необично име – Биткоинка.

На веб-страницата на земјоделската задруга seljak.me стои дека ова е првото дигитално село што ги поврза купувачите и продавачите на земјоделски производи во Црна Гора, кое сега организираше и продажба на крави со биткоини.

Анѓела Бојиќ, која купи Биткоин, за seljak.me изјави дека како млада личност која активно се занимава со земјоделство, верува дека иднината на земјоделството лежи токму во здравата комбинација на земјоделството и технологијата.