(Политичка) Вакцина

Словачка на шега ѝ вети на Русија дел од Украина во замена за вакцини

Словачкиот премиер Игор Матовиќ изминатите денови е мета на остри критики поради увозот на 2 милиони дози од рускaта вакцина „Спутник V“. Сепак, се чини дека не му пречи критиката, па дури и одговарал на провокативни прашања со сарказам.

Извор: google

Премиерот на Словачка, Игор Матовиќ, на шега одговори на прашањето на новинарите, што е тоа што му ветил на рускиот претседател Владимир Путин во замена за добиените вакцини. „Задкарпатска Украина“, одговорил премиерот. За мало појаснување, Задкарпатска Украина е еден украински регион во Словачка, кој главно е населен со Унгарци и Руси.

Со оваа изјава, тој стана цел на остри критики од проевропските сили во земјата, кои не го поздравија договорот со Русија во врска со испораката на вакцини.

За премиерот на Словачка, постојат стереотипи дека преговорите и односите со Русија автоматски значат предавство на Словачка. Тој едноставно преку оваа поддршка од Русија со вакцините, сакал граѓаните на неговата република да влезат забрзано во процесот на имунизација и што поскоро да си го олеснат животот.

„Што мислите, што ветив? Ништо не им ветив. Ништо не побараа од мене “, на крајот, сепак, објасни Матовиќ.