Судир на интереси

Синот на директорката на "Nike" препродавал патики преку интернет

Врвен извршен директор на Nike во САД се повлече од компанијата по 25 години кариера на таа функција откако во јавноста излезе скандалозна информација за тоа дека нејзиниот син препродавал голема количина на ексклузивни модели на патики на Nike за да оствари свои лични профити.

Извор: pexels

Врвен извршен директор на Nike во САД се повлече од компанијата по 25 години кариера на таа функција откако во јавноста излезе скандалозна информација за тоа дека нејзиниот син препродавал голема количина на ексклузивни модели на патики на Nike за да оствари свои лични профити.

Ен Хеберт, генералната директорка на Nike за Северна Америка, се повлече од функцијата по овие информации кои ги преплавија светските медиуми. Синот користел кредитна картичка на нејзино име за да купува патики од Nike, кои ги препродавал за да оствари профит во својот реално успешен бизнис. Nike го бранеше однесувањето на г-ѓа Хеберт, велејќи дека таа сносила морална одговорност за скандалот со фирмата за патики на нејзиниот син, и покрај тоа што не гледаат никаква штета за компанијата со ваквите таканаречени скандали.

„Нема повреда на политиката на компанијата, излез на доверливи информации или судир на интереси, ниту има каква било комерцијална поврзаност помеѓу WCS LLC и Nike, вклучително и директно купување или продажба на производи на Nike“, изјавија од компанијата кои интерно дознале за ваквиот скандал уште во 2018-та година, но ете, не виделе никаков судир на интереси, па мајката останала на чело на фирмата.

Извор: pexels

Написите во медиумите опишуваат како 19-годишниот син Хеберт користел доброразработена шема за продажба преку Интернет со ботови и монитори, успевајќи да ги надмудри и системите наменети за ограничување на набавките со цел да купи популарни патики кои се во ограничени количини. Во еден случај, тој купил патики во вредност од 132.000 американски долари (94.780 фунти), кои ги препродал, остварувајќи профит од 20.000 американски долари. Тој вели дека никогаш не добил информации од неговата мајка, која работела во фирмата повеќе од 25 години и дека изборот секогаш го правел сам.

Не само изборот, туку и инсајдерските информации од Nike, синот ги дознавал сам па преку чет групи ги пренесувал на лица кои му помагале во таа масовна онлајн препродажба на Nike “limited edition” патики за доста повисоки суми од малопродажните во тој момент.

Дали тука вината е во самата компанија Nike која не успеала да се справи со вакви организирани мрежи на купување и препродажба на нивните ексклузивни производи? Вината е и во самиот менаџмент на Nike кој знаел за ова, но не реагил навремено сметајќи дека компанијата не трпи никаква штета. Да не проструила оваа информација во медиумските кругови, веројатно никој немал ни да знае, па многу од потенцијалните купувачи ќе останеле без нивниот омилен бренд и редок модел само затоа што некој друг веќе ги има подготвено за препродажба на eBay или StockX.

Бонус видео…