Глобална продажба

САД е најголем извозник, а Саудиска Арабија најголем увозник на оружје

Досега не се исполнети надежите дека светската пандемија ќе ги разниша најголемите извозници на оружје во светот. Големи осцилации се забележуваат повеќе во однос на зголемувањето отколку намалувањето на извозот на оружје.

Извор: pexels

Досега не се исполнети надежите дека светската пандемија ќе ги разниша најголемите извозници на оружје во светот. Големи осцилации се забележуваат повеќе во однос на зголемувањето отколку намалувањето на извозот на оружје. По силниот раст, кој се бележи со години, глобалниот извоз на оружје се стабилизира и останува на речиси на непроменето високо ниво. Како што наведува Институтот за истражување “Сипри” од Стокхолм во својот нов извештај, обемот на испораки на оружје, како што се тенкови и подморници, е близу до рекордот постигнат по крајот на Студената војна.

Соодветно на тоа, обемот на извозот во периодот од 2016 до 2020 година паднал за 0,5 проценти во споредба со претходниот петгодишен период, но сепак е за 12 проценти поголем отколку во петте години претходно. Покрај Германија, извозот на оружје го зголемиле и САД и Франција. Соединетите Американски Држави се земја која продава најмногу оружје во светот. Американските производители продадоа оружје на 96 земји, а половина е испратено на Блискиот Исток. Сепак останува да се види дали политиката на новиот американски претседател Џо Бајден ќе ја ревидира својата извозна политика во Саудиска Арабија.

Од друга страна, производителите на оружје во Русија и Кина претрпеа значителни загуби. Особено поради падот на побарувачката за оружје во Индија, извозот на руско оружје паднал за 20% во периодот од 2016 до 2015 година во споредба со 2011-2015 година. Но, и покрај тоа, Русија останува втор по големина извозник на оружје во светот.

Извор: pexels

Испораката на оружје од Кина падна за 7,8 проценти во овој период. Оваа земја испорачува оружје на 51 земја, но неколку големи пазари се затворени од политички причини, вклучувајќи ги Индија, Јапонија и Австралија.

Некои држави ги зголемија набавките на оружје за време на пандемијата. На пример, земјите од Блискиот исток го зголемија купувањето оружје за 25 проценти. Најголемиот увозник на оружје во светот, Саудиска Арабија, купи 61 процент повеќе оружје; додека зголемувањето на набавките на оружје во Катар изнесува дури 361 процент. Истражувачите исто така забележале значително зголемување на вооружувањето во Египет со 136 проценти раст на увоз.

Како резултат на пандемијата на корона вирусот, некои земји можеби ќе треба да ги намалат трошоците за оружје. Спротивно на тоа, други држави склучија нови сеопфатни договори за купување оружје за време на пандемијата.