ЕМИГРАНТОТ ЃОКОВИЌ

Засега ја избегна депортацијата, но крајниот статус на српскиот тенисер ќе се знае во вторник

Мелбурн – Новак Ѓоковиќ после 7 часовниот судски процес издејствува победа и докажа дека е во право. Ѓоковиќ е слободен човек, австралиските власти се откажаа од прогон и депортација, а тој е се поблиску до настап на Австралија Опен.

Извор: google

Судот во Мелбурн ја поништи одлуката на Сојузната влада на Австралија за укинување на визите и депортација на Ѓоковиќ, а потоа министерот за емиграција Алекс Хок се откажа од намерата да ја искористи својата дискреција и со својата одлука да не ја поништи одобрената виза.

Рокот за таа одлука истече и Новак е многу блиску до настап во Мелбурн. Одлуката за неговото протерување се уште може да биде донесена во вторник, многу политика и собирање на политички поени се во игра во овој случај пренесува австралискиот локален портал Ејџ.

Сепак, избраниците на Ѓоковиќ се уште не можат да прогласат целосен триумф бидејќи постои можност во вторник да му биде укината визата.

Извор: google