УНГАРСКА ВИДЕО СЕНЗАЦИЈА

Виктор Орбан како вистински Балканец во серијалот наречен „Колам свиња во двор“

Уште еден доказ дека Балканот почнува од старите Австро-Унгарските граници. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави видео каде во автентичен унгарски селски двор коле свиња, што мора да признаеме не е баш вообичаена „слика“ во европска рамка за еден премиер од ЕУ. Па така овој зимски период Орбан реши да не „почасти“ со видео од неговата омилена дисциплина – колење свињи. Се разбира, тој објави се на својот Фејсбук.

Извор: google

Уште еден доказ дека Балканот почнува од старите Австро-Унгарските граници. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави видео каде во автентичен унгарски селски двор коле свиња, што мора да признаеме не е баш вообичаена „слика“ во европска рамка за еден премиер од ЕУ. Па така овој зимски период Орбан реши да не „почасти“ со видео од неговата омилена дисциплина – колење свињи. Се разбира, тој објави се на својот Фејсбук.

Орбан стана толку глобално популарен што го споменуваат на разни места, па се најде во серијата Succsession, во улога на лошо момче, секако.
Дали мислите дека му е грижа? Секако дека не е. Тој воопшто не се потресе од овие злонамерни коментари што излезе меѓу народот да коле свиња, но за сигурно ги освои срцата на мнозинското население во Унгарија.

Инаку, Орбан својата работа и дејност ја подели во три насоки и сам си ги даде имињата „Човек на народот“, „Политичар“ и „Спортист“, а со таа политика ги освои симпатиите кај своите сонародници. Овој „Човек од народот“ вклучува и чести патувања во кланица за свињи, а неговото последно вакво спуштање меѓу луѓето го снимила камерата.

На официјалната Фејсбук страница на премиерот на Унгарија се појави видео наречено Збогум, прасе. Како што гледате, ако не ви се гади, Орбан заедно со своите пријатели и обичните граѓани ја направи валканата работа да убива свиња, а потоа да пакува месо. Интересно е што денес некаде може да се закачи ваков клип, прво да не биде забранет од Фејсбук поради скокотливата содржина, а второ поради разни здруженија за заштита на животни кои секако не сакаат да гледаат такви работи. Но, да се вратиме на почетокот на приказната, се чини дека на Орбана го боли увото за ваквите асоцијации, а Фејсбук не му може ништо.

Во својата акција „Човек на народот“ вели дека е близок со Силво Берлускони во професијата за домашни животни, како и дека е работно дете, дека првите пари во животот ги заработил во фабрика, каде тој пакувал живина, додека прв шеф му бил претседателот на Унгарија Јанош Адер.

Ова видео стана вирално, не само во Унгарија туку и во целиот свет, вклучително и кај нас. И додека светот секако е згрозен од сето она што го гледаат овде, кај нас ова е веќе дел од фолклорот и веројатно повеќето од нас првпат ги видовме сите овие слики во живо, а како дел од изборните кампањи, кога политичарите одлучуваат да се доближат до обичните луѓе и се прават дека знаат што прават додека пијат ракија на минус 10. Се заради гласови.