СПОРТСКА ПОДДРШКА

Спортскиот „фер плеј“ на тенисерката Ворачова: Мило ми е за Новак, не се лутам

ПРАГА – Чешката тенисерка Рената Ворачова, која имаше иста влезна виза за Австралија како Новак Ѓоковиќ и беше депортирана по неговите проблеми, изјави дека и е драго што ќе игра светски рекет број 1 во Мелбурн.

Извор: google

„Тоа е добро, не само за него. Се надевам дека ќе игра. Затоа отидовме таму, да играме тенис, а не да бидеме дел од некои интерни игри“, изјави Ворачова за Ројтерс.

Таа додаде дека практично поради него не му се лути на Ѓоковиќ кому после една недела му ја одбија визата, туку дека е тажна поради се што се случило.

„Не знаев што да правам, не ни знаев дека можам да поднесам жалба. На крајот, сепак, чувствувам големо олеснување што пристигнав дома“, истакна чешката тенисерка, пренесува Танјуг.