БУГАРСКА ЕПИДЕМИЈА

Бугарија уби 39.000 кокошки поради птичји грип

СОФИЈА – Бугарските ветеринарни власти денеска почнаа со уништување на над 39.000 кокошки во селото Криво Поље, на југот на земјата, откако беше потврдена епидемија на птичји грип на две тамошни индустриски фарми, изјави Минко Ангелов, гувернер на Хасково. Ангелов рече дека две живинарски фарми се погодени од високопатогениот вирус на птичји грип тип А.

Извор: google

СОФИЈА – Бугарските ветеринарни власти денеска почнаа со уништување на над 39.000 кокошки во селото Криво Поље, на југот на земјата, откако беше потврдена епидемија на птичји грип на две тамошни индустриски фарми, изјави Минко Ангелов, гувернер на Хасково.

Ангелов рече дека две живинарски фарми се погодени од високопатогениот вирус на птичји грип тип А.

Ова е втора епидемија во селото Криво Поље од април кога беа убиени повеќе од 40.000 кокошки, јавува Танјуг.

Во последните недели тешките форми на птичји грип, кој е фатален за живината, се проширија во Европа и Азија.

Птичјиот грип не може да се пренесе преку храна, но има некои случаи на инфекција кај луѓето кои предизвикаа загриженост кај епидемиолозите.