ДИГИТАЛЕН ПАЗАР

Раст на корисници на социјалните мрежи - погледнете кои најмногу се користат

Од вкупно 7,8 милијарди луѓе на планетата, дури 4,2 милијарди активно ги користат социјалните мрежи. Тоа значи дека високи 53 проценти од светската популација поминуваат добар дел од денот “онлајн”. Facebook, Twitter, YouTube, Instagram и многу други.

Извор: google

Дека социјалните медиуми се најмоќното оружје на денешницата, говорат и добиените резултати за јануари годинава измерени од Statista, германска компанија специјализирана за обработка на податоци за пазарот и потрошувачите.

Во просек, корисниците на Интернет трошат 144 минути на ден на социјалните медиуми и апликациите за допишување, што е пораст за повеќе од половина час од 2015 година. Најголемо просечно време поминато на ден на социјалните мрежи се забележува кај луѓето од Латинска Америка.

Оваа бројка се очекува да расте и во иднина бидејќи помалку развиените дигитални пазари ги достигнуваат другите региони кога станува збор за развојот на инфраструктурата и достапноста на евтини смартфони. Всушност, најголемиот дел од глобалниот раст на медиумите е поттикнат од зголемената употреба на мобилни уреди.

Извор: архива